|
ОДБОР НА МИНИСТРИ ПРЕПОРАКА Бр. R(89)12 ОД ОДБОРОТ НА МИНИСТРИ ДО ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ЕДУКАЦИЈА ВО КАЗНЕНО – ПОПРАВНИТЕ ДОМОВИ (усвоено од одборот на министри на 13 – ти октомври 1989 на 429 – ата средба на замениците министри) Одборот на Министри, под условите на Член 14.b од Статутот на Советот на Европа, - Земајќи во предвид дека едукацијата е од фундаментално значење;
- Земајќи го во предвид значењето на едукацијата врз развојот на индивидуата и општеството;
- Со особен осврт врз фактот дека голем процент на затвореници немале позитивни искуства во сопствената едукација и имаат потреба од соодветна едукација;
- Земајќи во предвид дека едукацијата во Казнено – поправните домови помага во хуманизација на истите и ги подобрува условите додека се издржува казната;
- Земајќи во предвид дека соодветната едукација во Казнено – поправните домови им помага на затворениците во реинтеграцијата во општеството;
- Препознавајќи дека во практичната употреба на извесни права и мерки, во согласност со следните препораки, извесни разлики се оправдани помеѓу веќе осудените затвореници и затворениците во притвор;
- Освртувајќи се на Препораката Бр. R(87)3 од Европскиот Правилник за Казнено – поправни домови, и Препораката Бр. R(81)17 од Начелото за едукација на возрасни;
- Препорачува владите на земјите членки да ги имплементираат правилата кои го со себе го носат следното: - Сите затвореници треба да имаат пристап до едукација која би се состоела од училишни предмети, работна едукација, активности поврзани со креативноста и културата, физичка едукација и спорт, социјална едукација и соодветна библиотека;
- Едукацијата во Казнено - поправните домови треба да биде соодетна со едукацијата која што и се нуди надвор од нив на приближно истата возрасна група, и опсегот на можности на затворениците да е што е можно поголем;
- Едукацијата во Казнено – поправниот дом треба да обрне внимание на севкупната личност на затвореникот, земајќи го во предвид неговото/нејзината културно и финанскиско потекло;
- Сите инволвирани во администрацијата и управата на Казнено – поправниот дом треба да ја дадат својата безусловна поддршка и помош во едукацијата;
- Едукацијата треба да има ист статус со работата во Казнено – поправниот дом и затворениците не треба да чувствуваат губиток, финансиски или било каков, заради тоа што учествуваат во едукацијата;
- Треба да се направи секој напор за да се охрабрат затворениците во активно учество во сите полиња на едукацијата;
- Треба да се развие програма која ке обезбеди соодветни методи за едукација на возрасни;
- Треба да се обрати посебно внимание на оние затвореници кои имаат потешкотии во учењето, посебно оние со пишување и читање;
- Работната едукација треба да и понуди широк развој на личноста, како и да биде чувствителна за новите трендови на работниот пазар;
- Затворениците треба да имаат директен пристап до добро снабдена библиотека барем еднаш неделно;
- Физичката едукација и спортот треба да бидат поттикнати и охрабрени;
- Треба да им се даде посебно значење на активностите од областа на креативноста и културата затоа што овие активности имаат потенцијал да им овозможат на затворениците да се искажат и развијат како личности;
- Социјалната едукација треба да вклучи практични елементи во својата програма, кои ке му озвозможат на затвореникот да се соочи со секојдневниот живот во затворот, како и да му се даде поглед врз реинтеграцијата во друштвото;
- Секогаш кога е возможно треба да им се обезбеди на затворениците едукација надвор од затворскиот систем;
- Кога едукацијата се одвива во Казнено – поправниот дом тогаш треба да охрабрува секоја помош и инволвираност од светот надвор од него;
- Треба да се превземат соодветни мерки кои ќе им овозможат на затворениците да продолжат со едукација по завршувањето на затворската казна;
- Треба да се обезбедат сите средства, опрема и наставничкиот кадар кои се потребни за овозможување на соодветна едукација на затворениците.
Disclaimer: The translated text is not official. For an official, juridical reference use the English or French version.
|
|
Last Updated ( Thursday, 05 April 2007 )
|